Гори погон за мебел на излезот од Струмица кон Радовиш

by fokus

Пожар утрово избувна во погон за производство на мебел лоциран на излезот од Струмица на стариот пат кон Радовиш пред местото Ракиџиски мост.

Патот кон погонот е блокиран од полициски службеници, а пожарникари со неколку противпожарни возила го гаснат пожарот, кој може да се забележи од поголема далечина.

Засега нема информации за повредени или загинати лица, како и за причините за пожарот.

Поврзани новости