Изградба на хидросистемот на Луково Поле , односно 74 метарската брана од Реканскиот крај ќе направи градежна површина, ќе се изгуби алтернативата за тоа реката Радика да се користи и за пиење, а со пренасочување на реката се гуди Радичката Клисура. Ова се само дел од опасностите кои демнат над овој регион доколку се реализира проектот „Луково Поле“ алармираат активисти и граѓани кои со петиции, протести и декларации птопишани од светски научници се борат против оваа идеја.
На вчерашната дебата во антивладиниот камп, токму на оваа тема дебатираа Гоце Љубиновски, граѓански активист од Дебар, Адем Сулејмановски, ликовен уметник и активист, Даниела Јовановска од програмата „Синото срце на Европа“ и модераторот на дебата, активистот Никола Писарев.
Даниела Јовановска од програмата „Синото срце на Европа“ вели дека изградбата на хидроцентрала е долг процес, кој подразбира минирање, правење пристапни патишта и слично што од националните богатства ќе ги претворат во градежно земјиште.
-Јас не верувам дека ќе слушнете некаде во светот дека вакви проекти се имплементираат во национални паркови. Сразмерот на еколошката катастрофа ќе зависи од самиот тип на проект. Кај нас генерално во Националниот парк Маврово се планира изградба на две хидроцентрали, Луково Поле и Бошков Мост. Изградбата всушност ќе бидат по негативно влијание околу 4 400 хектари на површина во Националниот парк. Кога зборуваме за хидроцентрала тоа не е толку едноставно, тука влегуваат пристапни патишта, далекуводи, минирање, имајќи предвид дека станува збор за тешко достапни делови, тука може да замислете како би изгледал Националниот парк Маврово ако се претвори в градежно земјиште, посочи Јовановска.
Активистот Гоце Љубиновски алармира дека со браната и реката Радика ќе се пренасочи кон Мавровското езеро, што е дополнителна актастрофа. Тој вели дека водата од Радиак жителите на општиан Дебар може да ја користат и за пиење, што е добра алтернатива и вредна да се зачува.
– Ние не можеме да се пофалиме со никакви земјоделски површини, ниту фабрики и индустрија но може да се пофалиме со природни богатства. Ќе биде од голема трагедија за градот и регионот доколку реката Радика се пренасочи во Мавровското Езеро. Акумулацијата „Луково Поле“е точно кај реката Радика и тука треба да се направи браната и понатака тие води да се пренасочат кон Мавровското езеро и фактички да се пренасочи сливот. Тоа за нас претставува една катастрофа. Ќе кажам дека Радика е река која има вода од прва категорија, Дебар како општина може да ја користи таа река како алтернатива за пиење, така да ние со тоа ја губиме и таа вода за пиење. Со пренасочувањето на реката се губи Радичка Клисура, која е мета на голем број туристи, рече Љубиновски.
Акција за спас на Реканскиот крај, мината година направија и група активисти од регионот, предводени од ликовниот уметник Адем Сулејмановски, кој изработиј гигантски симбол во облик на костур од риба во знак на протест поради идеите и плановите за изградба на браната Луково поле. Самиот симбол, го лоцираше во непосреднта близина на месноста Мелнички мост преку Дебарското езеро, кој сега поради екстремно нискиот водостој всушност ги премостува Радика и сувото корито на езерото.
Сулејмановски вели дека потребата да се прикаже опасноста за регионот сликовито, доаѓа од тоа што Владата се однесува детски и не се залага за овој проблем.
-Ние ќе ја браниме до крај колку што можеме, ако не попушти Владата, тогаш следи трето иселување, тоа значи дека Реканскиот крај ќе остане пуст. Требаше нешто сликовито да им објасниме за да сфатат што значи тој регион. Тоа беше една силна порака што ќе се случи , посочи Сулејмановски.
Ова е 54. дискусија, откако се поставени шаторите пред Владата на Република Македонија, по големите протести на 17.мај на опозицијата, граѓаните и граѓанските асоцијации, организации и движења, кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски и одговорност од целата влада.
Секоја вечер во кампот се организираат дебати и обраќања поврзани со актуелната политичка криза во земјава и проблемите во поединечни сектори, а се споделуваат идеи и сугестии како да се надмине актуелната состојба.