Актерот Симонов добитник на главната награда за машка улога на „Војдан Чернодрински“

by Fokus

Македонскиот народен театар информираше дека актерот Јордан Симонов е добитник на наградата за главна машка улога на 55. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Симонов наградата ја добива за улогата на Филип во претставата „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Македонски народен театар.

Наградата е доделена од фестивалското жири во состав; Звездана Ангеловска, Бајруш Мјаку и Александар Милосављевиќ.

Фото – МНТ

Поврзани новости