Актерот Сенко Велинов меѓу советниците на Груевски, Ќерим и Мицкоски земале иста плата

by fokus

Меѓу советниците чии имиња ги објави Владата, а кои биле ангажирани во претходниот кабинет на екс премиерот, Никола Груевски, е и името на актерот Сенко Велинов. Според Владата, тој го советувал Груевски за човечки ресурски и прашања од областа на културата. Во листата советници е и Срѓан Керим, сопственикот на пропаднатата фирма МПМ.

Велинов бил надворешен соработник за вршење на услуги за развој, истражување од областа на човечки ресурси и одржлив развој од областа на културата. Своите услуги за кабинетот на Груевски ги вршел за сума од 28.000 денари месечно.

Пред да стане советник, Велинов беше директор на Драмски театар, а претходно и претседател на комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Ќерим, пак, бил советник за надворешни работи. Неговиот надомест се пресметувал со коефициент 1.8. Со истиот коефициент се пресметувал и надоместот на Христијан Мицкоски, сега претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу советниците се професорот Владо Поповски, како и професорот Бранислав Саркањац.

Во продолжение е целата листа на советници на Груевски:

  1. Азир Алиу
  2. Александар Ѓорѓиев
  3. Александар Митов
  4. Александар Никовски
  5. Ана Блажеска
  6. Антонио Пеков
  7. Бојан Петровски
  8. Бранислав Саркањац
  9. Вања Христовска
  10. Василка Габер
  11. Вера Димитриева
  12. Весела Костовска
  13. Виктор Михајловски
  14. Виктор Новаковски
  15. Виолета Марковска
  16. Владо Поповски
  17. Влатко Илиевски
  18. Горан Лазов
  19. Горан Мојсовски
  20. Горан Торбаков
  21. Горан Устијаноски
  22. Данче Сотироска
  23. Дарко Ангелов
  24. Дебора Лакаордова
  25. Дејан Бујишиќ
  26. Дејан Герасимовски
  27. Димитар Самарџиевски
  28. Димитар Трифуновски
  29. Димче Лазаревски
  30. Дино Стеријевиќ
  31. Ѓоко Николовски
  32. Елена Ивановска
  33. Елена Новачка
  34. Елизабета Панговска
  35. Иван Стојановски
  36. Ирена Лесовска
  37. Исмет Османи
  38. Јана Глигоровска
  39. Јасмина Апостолска
  40. Јасминка Васкова Ташкова
  41. Јордан Поповски
  42. Јехошуа Шуки Глајтман
  43. Катерина Димовска
  44. Кенан Абди
  45. Колин Џефри
  46. Коче Гаврилов
  47. Кристијан Арсов
  48. Крсте Маљановски
  49. Лазо Трпков
  50. Луке Галески
  51. Љупчо Ефремов
  52. Марија Апостолова
  53. Марија Влашчева
  54. Марија Ивановска-Гуговска
  55. Марија Јакимовска
  56. Марина Ефремовска
  57. Марјан Хрибар
  58. Мартина Антиќ
  59. Мартина Тевчева
  60. Мери Атанасовски
  61. Методиј Хаџи Васков
  62. Милош Стокуќа
  63. Мирвет Рамадани
  64. Мичо Апостолов
  65. Наталија Пешиќ
  66. Ненад Коцевски
  67. Панче Кралев
  68. Перо Китановски
  69. Огнена Никуљска
  70. Роберт Валтер
  71. Розета Видоеска
  72. Розета Трајан
  73. Сања Димитриевска
  74. Саша Грујевски
  75. Сашо Павлоски
  76. Сашо Стефановски
  77. Сенко Велинов
  78. Славе Веловски
  79. Славица Тодорова
  80. Слободан Тодоровски
  81. Слободан Трчков
  82. Соња Тодороска
  83. Срѓан Керим
  84. Тања Костовска
  85. Татјана Арсова
  86. Тео Вајгел
  87. Тодор Теменуговски
  88. Фиданчо Велиновски
  89. Христијан Мицковски
  90. Христина Костовска Радинска
  91. Џорџ Пери

 

Поврзани новости