452
Шарената револуција денеска го посети Собранието за да ги потсети пратениците на нивните барања и дека нема да се откажат се додека не бидат исполнети. На демонстрантите им се обрати адвокатот Мирослав Вујиќ.
-Уставниот суд денеска донесе одлука за која пред еден месец одби да расправа. Денес со максимални девет гласа го вратија Трајко Вељановски и останатите во Собрание. Не се почитува Уставот. Но, ако се поништи аболицијата, тогаш ќе се исполни вашата порака „Мафија на робија“, рече Вујиќ.