Ние го поддржуваме процесот на политички промени, но нема да прифатиме да бидеме само декор во новата влада, иако свесни дека таа може да се формира и без нашата поддршка, велат од БЕСА во пресрет на преговорите за нова влада на чело со Зоран Заев.
-Ние сигурно нема да бидеме дел од владата доколку во неа членуваат личности за кои Специјалното јавно обвинителство води истраги и покренало обвиненија, ниту со оние за кои во јавноста излегле разни афери и скандали. Доколу не биде така, а СДСМ не посакува во владата, ќе мора да ни отстапи значајна улога, особено откако ДУИ го доби претседателското место во собранието. Но, мора да бидат испочитувани и нашите принципиелни програмски заложби, од кои ќе тргнеме во преговорите – изјави за Фокус висок функционер од БЕСА.
Во спротивно, според него, партијата ќе оди во опозиција, и покрај тоа што, додава тој, во таква ситуација ДУИ преку блиските медиуми ќе води валкана кампања дека одработува за ВМРО-ДПМНЕ.
В.С.