Ако Македонија не го прифати предлогот, Албанија сама да го продолжи патот, вели Руте

by Fokus 21:36
21:36

Доколку Северна Македонија не го прифати францускиот предлог, Албанија сама да продолжи на патот, што сметам дека е праведно, но се надевам дека тоа нема да биде потребно, изјавил холандскиот премиер Марк Руте по вчерашната средба со албанскиот премиер Еди Рама.

Руте изразил оптимизам дека Македонија ќе го прифати францускиот предлог и нема да има потреба од поделба на двете земји на нивниот пат кон ЕУ.

-На самитот за Западен Балкан што се одржа во Брисел, ЕУ ја потврди својата посветеност. Што се однесува до забелешката на Еди Рама потоа, мислам дека тој беше во право – не беше успешна средба. Треба да направиме повеќе. Знаеме дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Албанија, работат напорно за да се приклучат кон ЕУ и Албанија ја има целосната поддршка од Холандија. Проблемот овде е Северна Македонија и благодарение на француските напори има нов момент во процесот на пристапување кој ја погодува и Албанија, така што двете земји, барем политички, се поврзани. Го поддржуваме францускиот предлог за отстранување на пречките што ги блокираат Северна Македонија и Албанија во процесот на пристапување. Предлогот нуди решение за сите преостанати грижи, оценил тој.

Додал дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во следните чекори доколку го прифати францускиот предлог.

– Северна Македонија направи многу, го смени и името. Постои оптимизам дека Северна Македонија ќе го прифати францускиот компромис и ги повикувам да го прифатат бидејќи тоа е фер компромис. Секој добива нешто, губи нешто, но барем тоа е фер резултат. Да се надеваме дека Македонија ќе се согласи и тогаш сите ќе можеме да одиме рака под рака во иднината, нагласил Руте.

Поврзани новости