Ако има избори сега, ние ќе имаме 50, а ВМРО-ДПМНЕ 40 пратеници, тврди Заев

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска беше дециден дека нема да има предвремени парламентарни избори, но исто така потенцираше дека доколку сега има избори СДСМ и коалицијата би имале 50 пратеници.

-Избори треба да има, редовни. Ако има избори сега ние наместо 46 ќе имаме 50 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе има 40 пратеници и веројатно ќе ми е полесно како претседател на Владата, но ќе изгуби државата најмалку шест месеци, рече Заев.

Според него, избори треба да има, но во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што има во СДСМ.

– На 21 март ќе се бира претседател, крајот на април конгрес ќе има. Веројатно тоа ќе се случи и во ВМРО –ДПМНЕ. Треба да се демократизираат и менуваат политичките партии затоа што само така ќе се модернизира државата, вели Заев.

Во однос за тврдењата за ново мнозинство во Собранието, тој кажа дека дали некој ќе оди со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зависи од тоа во чии заложби верува.

– Дали некој ќе оди со господинот Мицкоски тоа зависи од тоа дали верува во заложбите за кои тој се залага, а тоа е блокирање, мрчење, одложување, кочење или слично и последиците и конекциите од режимот. Кој тоа од коалициските партнери на Заев верува во тоа? Нека го каже. Нема таков. Истовремено дали од неговите коалициски партнери и неговите пратеници веруваат во ваквите политики и проекти, тоа е исто така гаранција дали некој ќе помине од опозоцијата во владејачкото мнозинство. Од тоа зависат работите дали пратеници ќе се одлеат од власта во опозоцијата или од опоицијата во власта, рече Заев.

За напуштањето на советник на турската партија на Енес Ибраим на локалниот совет во Радовиш, тој рече дека секогаш е опција на партиите да размислуваат како ќе пристапат во пресрет на следни избори и оти локалните избори понекогаш давале можност сосема во договор партиите самостојно да настапуваат или да одат во коалиција.

-Досега со ТХП односно Партијата на Турците предводена г. Енес Ибраим којшто е и пратеник во Собранието на Северна Македонија сме настапувале заедно и така во иднина ќе се трудиме тоа да биде, но може да правиме и локални избори каде што сами би настапиле, а после изборно би направиле коалиции. Дали ќе ја напушти коалицијата на ниво на централна власт и парламентарно мнозинство убеден сум и сигурен сум дека тоа нема да се случи, тврди Заев.

Поврзани новости