296
Турските оружени сили убиле 184 терористи во дводневната воздушна операција „Канџа-меч“ спроведена во северните делови на Сирија и на Ирак, соопшти денеска турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар.
„Од почетокот на операцијата со помош на авиони и поддршка од земја, убиени се 184 терористи. Според нашите проценки, таа бројка ќе расте. Ќе ја продолжиме борбата додека не биде уништен и последниот терорист“, рече Акар, како што се наведува во соопштението на турското Министерство за одбрана што го пренесуваат агенциите.
Ноќта на 20 ноември турската армија ја покрена оружената акција „Канџа-меч“ во која беа ангажирани и повеќе од 50 борбени авиони, како и дваесеттна беспилотни летала.