Академик Ќулавкова синоќа објави твит со говор на омраза, па го повлече

by fokus

Академик Катица Ќулавкова, членка на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) предизвика огорченост на социјалните мрежи откако објави твит со кој изнесува ставови кои беа оценети како националистички и шовинистички, пишува Мета.мк.

Ќулавкова на 6 јуни 2020 г. на својот твитер профил објави твит со текст „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, на иста линија со наративите кои ги шират националистичките и шовинистички кругови во Северна Македонија, според кои за ширењето на болеста ковид-19 се виновни етничките заедници кои не се етнички Македонци и христијани.

Твитот на Ќулавкова бил споделен 53 пати, претежно од анонимни твитер профили.

Бројни реакции следеа на социјалните мрежи, а неколку часа подоцна Ќулавкова го избришала твитот и напиша нов: „Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката македонска ситуација.“

Поврзани новости