ИЈЗ: Во Институтот за јавно здравје нема заразени со Ковид-19

by fokus

Откако синоќа медиумите објавија дека во Институтот за јавно здравје има тројца заразени со корона вирусот, поточно двајца доктори и една медицинска сестра, од ИЈЗ ја демантираат информацијата.

-Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19. Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Инстутот за јаво здравје потврдена од директотот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана, се вели во соопштението потпишано од Наташа Димитриевска, Началник на Одделение за управување со човечки ресурси, логистика и односи со јавност во Институт за јавно здравје.

Таа додава дека официјалните информации за состојбата со Ковид 19  се објавуваат на интернет страницата на Институт за јавно здравје и на страницата на Министерство за здравство.

Поврзани новости