Ахмети: Заев да ги открие сите мои разговори!

by Фокус

Ахмети го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да ги објави сите материјали што ги поседува за него и за ДУИ, при што порача дека тој нема што да крие.

„Ништо да не остане сокриено. Се што постои за ДУИ нека излезе на виделина. Секој мој разговор и службен и приватен. Јас не водам политика со двојни стандарди. Не мислам ноќе какво зло да направам дење. Нашите политики се државотворни и транспарентни. Нема тајни средби или тајна соработка ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ. Единствен стратешки партнер ни е народот”, додаде Ахмети.

Тој порача дека менаџирањето на кризата треба да донесе и решение за спорот за името.

„ДУИ верува дека од овој дијалог со кој треба да се надмине политичката криза мора да произлезе и општонароден консензус за решавање на прашањето со името”, подвлече Ахмети, додавајќи дека евроинтеграциите и зачленувањето во НАТО мора да остане на врвот на агендата на македонската политика.

 

Поврзани новости