Ахмети за “Монструм”: Баравме судењето да се повтори, бидејќи плативме најголема политичка цена

by fokus

Побаравме да се повтори овој судски процес бидејќи ние како политичка партија плативме највисока цена за овој случај и ако не се расветли како што треба ќе има последици, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по сведочењето во судот за случајот “Монструм”, за петкратното убиство кај Смичковски езеро.

-Побаравме повторување на овој процес, повторно судење затоа што судовите и обвинителството беа многу чувствителни осетливи, ранливи и целата јавност беше во необјаснета ситуација вклучително и сеемјствата кои ги загубија своите блиски во овој трсгичен настан, вклучително и тие што беа осудени. И ние силно баравме ова судење да се повтори со докази со меѓународно мониторирање. Тоа го побаравме и од Брисел и од Вашингтон овој процес да се мониторира. Брисел и Вашингтон ни рекоа дека веруваат во мониторирањето на ОБСЕ. Пред се, ние сакавме вистината дс излезе на виделина и да триумфира правдата, само така можат да најдат мир тие кои ги загубија своите најмили, но и не со секој услов да се инструментализира еден виновен туку тој што го има сторено делото и да одговара, да нема селективна правда. Ваквите случаи нас не примораа да размислуваме на ветинг во судството, рече Ахмети.

Тој вели дека не може да суди дали обцинетите се виновни или не.

-Ние очекуваме судските власти да го разрешат и расветлат случајот. Ние како политичка партија плативме висока цена, сите не обвинуваа дека ние сме поврзани со случајот, нема никој друг кој повеќе од нас сака да се расветли овој случај затоа што политичката цена ја плаќаме ние, рече Ахмети.

На прашање дека со оглед на тоашто одлуката да се врати случајот ја донесе Врховниот суд, дали тие како политичари барале да се врати случајот, Ахмети рече дека тие разговарале со политичките авторитети затоа што политичките партии имале одговорност за да ја менаџираат ситуацијата.

-На крај наша проценка беше дека ова судење мора да се повтори со материјални докази на најтранспарентен начин за целата јавност затоа што е навистина трагичен случај и ако ова не се расветли такс како што треба, може да има последици затоа што некој бара ова да го искористи во политички цели, во најлоши цели за да ги стави двете страни во конфликт, рече Ахмети.

На прашање дека се најавува сојуз меѓу БЕСА, ДПА и СДСМ вели дека  не гледа ништо во тој сојуз затоа што не знае ништо.

Ф.Ф.С

Поврзани новости