Џанго: Проблемот со дрогата не е само проблем на Република Северна Македонија

by fokus

Експертот од безбедносните сфери, Љубомир Михајловски – Џанго во денешното гостување на Утрински брифинг говореше за последната ситуација со пронајдената дрога во Крушопек.

„Проблемот со дрогата не е само проблем на Република Северна Македонија, туку е светски проблем. Би нагласил дека постојат разни видови на дроги. Има природни, има синтетички, халуциногени, депресивни итн. Сакам да кажам дека разни видови дроги потекнуваат од разни земји. Така што хероинот, кокаинот, што беше вчера тема на разни случувања, не потекнуваат од Македонија, туку од Колумбија, Авганистан, Еквадор“, истакна Џанго.

Поврзани новости