Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за 24 Вести, вели дека неговата партија за влегување во Владата, ќе инсистира на официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Македонија.
-Целосната двојазичност во земјава, консензуалното носење одлуки, економската рамноправност и консензуалноста на носење на буџетот, се столбовите на рамковниот договор и во следниот мандат тој ќе се финализира.Токму затоа платформата на ДУИ ќе биде „земи или остави“ понуда за ДУИ да влезе во Владата – вели Ахмети за 24 Вести.
Лидерот на ДУИ порачува дека следниот мандат ќе биде трежок и мандат за носење тешки одлуки , како решавање на спорот со името.
Во однос на аферата со масовното прислушкување, Ахмети вели дека не е ништо спорно што се прислушкувало, туку проблемот бил што снимките излегле во јавност.
-Секоја држава прислушува. Јас сум им кажал дека државата ме прислушала кога премиер беше Бранко Црвенковски и министер за внатрешни работи Хари Костов, исто му кажав и на Никола Груевски кога беше премиер и Гордана Јнакуловска минситер за внатрешни работи. Она што ме вознемири е фактот дека некој ги дистрибуирал прислушуваните разговори и тие се продаваат на Бит-пазар, во Косово, Софија, Истанбул- вели лидерот на ДУИ.