501
Албанците во Македонија денеска го прославија Денот на албанското знаме, 28 ноември. Во отсуство на поранешните команданти, лидерот на ДУИ Али Ахмети на сопартијците им порача дека жртвата на Албанците нема да биде заборавена, бидејќи поради нив, како што рече во Македонија без страв се празнува денот на албанската независност, јави Плусинфо.
„Денеска е голем ден, ден на независноста на Албанија и на албанското знаме. Затоа им честитам на сите Албанци во Македонија, Албанија, Косово, Прешевската Долина, Црна Гора. Честито, ова е голем ден за сите нас“, рече Ахмети.