Груевски за СДСМ: Добија се што бараа, време е да се ослободиме од заложништвото на Заев

by fokus

Немојте да го закрвувате народот, делиме иста судбина и исти проблеми. Зла крв не ни треба, рече Никола Груевски на митингот во Велес и додаде дека две ипол години, додаде тој, Македонија е под заложништво на Заев, но веќе е време е да се ослободи.

„Добија се што бараа за да дојдеме до овие избори- министери, заменици, друг премиер, доминација во Државната изборна комисија, услов им беше и да го имале министерот за внатрешни работи, бараа СЈО, еве им една година имаат специјално јавно обвинителство, бараа еден куп други работи и мислеа дека нема да ги прифатиме за да можат Македонија вечно да ја држат во заложништво. Но, ние прифативме се, бидејќи ние веруваме во нашиот народ“, додаде Груевски.

Поврзани новости