529
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во новогодишната честитка до граѓаните порача дека 2018 година ќе биде клучна за Македонија.
-Годината пред нас е клучна година и многу значајна за нашата земја и за земјите од Југоисточна Европа. 2018-та година нека ни донесе исто така, афирмативни, надежни и конкретни стратегии на проширувањето од страна на Европската Комисија, позитивен извештај за напредокот со безусловна препорака и датум за почеток на преговорите, но уште поважно, покана за членство во НАТО. Нас ни преостанува да се соединиме и да ги решиме домашните задачи без никакви одлагања во конструктивен и пријателски дијалог со соседите, затоа, да си ги засукаме ракавите и да ги оствариме нашите определби, пишува Ахмети во честитката.