446
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска се сретна со албанскиот амбасадор во земјава Фатос Река, со кого разговарале за политичките случувања во земјата и очекувањата околу формирањето на новата влада.
-Ахмети го запозна амбасадорот Река дека продолжуваат интензивните консултации со партиските тела, со интелектуалци и со претставници на граѓанското општество и на меѓународната заедница, на дневна основа – велат од ДУИ.
Во соопштението се додава дека Ахмети истакнал дека заедничката платформа на албанските политички партии е производ од нивните изборни платформи и изразил благодарност за искреното и конструктивното охрабрувањето од Тирана и од Приштина за тоа внатрешно постигнување.