УХМР: В среда и четврток и до 40 сантиметри снег

by fokus 20:01
20:01

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и релативно студена воздушна маса што ќе услови облачно време со врнежи од снег, а само на крајниот југоисток од дожд и снег.

Од УХМР најавуваат дека во следните два дена врнежите ќе бидат пообилни, особено од утре попладне до четврток претпладне. Снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 см. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 см нов снег. Во четврток околу пладне почнувајќи од запад врнежите постепено ќе престануваат

- Advertisements -

Поврзани новости