(Видео) Уапсен напаѓачот во ноќниот клуб во Истанбул

by fokus

Турската полиција го приведе извршителот на масакрот на новогодишната ноќ во клубот „Реина“ во Истанбул, кој уби 39 и повреди 66 лица.

Узбекистанецот Абдулгадир Машарипов бил уапсен кратко по полноќ во домот на негов пријател, кој живее во истанбулскиот кварт Есенурт. Заедно со него приведени се уште четири лица, меѓу кои и жени. Синот на терористот, кој е на четири ипол годишна возраст, исто така бил со него.

Турските медиуми објавија видеа на кои се гледа како полицијата го одведува фатениот убиец. Тој е одведен во Дирекцијата за безбедност во Истанбул на распит.

Поврзани новости