480
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стигна во седиштето на партијата во Мала Речица каде и денеска продолжуваат консултациите со кого да се оди во коалиција.
-Немаме проценка на каде се движиме, ова е многу тешка одлука. Консултациите и денеска ќе бидат долги и продолжуваат, беше кратката изјава на Ахмети пред седиштето на ДУИ.
Вечерва на полноќ истекува рокот за формирање влада на мандаторот Никола Груевски, но тоа сега не зависи од него, туку од одлуката на ДУИ.