Едно лице загина во сообраќајка во Крива Паланка

by fokus
Едно лице загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, што се случила вчера околу 21:50.
Како што соопшти МВР, лицето И.Н. (36) од Крива Паланка со возило „Опел Астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, излетал од патот и починал на самото место.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица во Крива Паланка.

Поврзани новости