425
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до Хашим Тачи, по повод неговиот избор за претседател на Косово.
„Република Косово е земја со која Република Македонија е потписник на најголем број на билатерални договори, а неодамна ја ратификувавме Спогодбата за преминување на граничниот премин само со лични карти и отворање на нов граничен премин. Со вас, како претседател, јас сум длабоко убеден дека нашата соработка ќе се унапреди и понатаму во заемна корист на нашите граѓани и на регионот“, се вели во честитката на Ахмети до Тачи.