Ахмети се сретна со амбасадорот на мисијата на ОДИХР, Петерсен

by fokus

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се сретна со Амбасадорот на мисијата на ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен, при што разговараа за претстојниот референдум.

Како што информираат од ДУИ, лидерот Ахмети го информирал амбасадорот Петерсен дека Демократската унија за интеграција е посветена за успешно одржување на референдумот и дека веќе има основано Централен штаб како и 35 општински штабови, додека кампањата на терен ќе ја започне од утрешниот ден со првата средба со граѓаните во Тетово.

Ахмети зборувал и за важноста на референдумот кој што претставува можност конечно граѓаните да се определат за Евроатланска интеграција на Македонија имајќи во предвид дека скоро две децении последователно, над 80% од граѓаните го подржуваат членството во НАТО и Европската Унија.

 

Поврзани новости