ГАЛЕРИЈА: Вински карневал во Кавадарци

by fokus

Во Кавадарци во тек е Винскиот карневал, како дел од традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација ,,Тиквешки гроздобер 2018”. Посебно внимание на карневалското дефиле секоја година привлекуваат стотиците маскирани дечиња од основните училишта во градот.

Во изработката на маските најчесто се вклучени и наставниците и родителите, а темите се од јунаци од цртаните филмови, до мотиви од винова лоза. Илјадници посетители деновиве дојдоа во Кавадарци, да ја проследат манифестацијата која се одржува со децении.

Фотографии: А.М.

Поврзани новости