Ахмети се премислува

by fokus

Иако беше очекувано СДСМ и ДУИ деновиве да побараат од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, да го свика продолжението на седницата за конституирање на парламентот, Али Ахмети се чини дека се премислува и понатаму тактизира.

Во интервју за ТВ21, Ахмети вели дека смета оти не треба да се свика седница на собранието без претходен договор меѓу партиите. Тој рече дека досега нема никаков знак дека собранието може да биде свикано, но според него се прават напори за тоа.

-Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот- изјави Али Ахмети.

Поврзани новости