Ќулавкова: Можеби сами ја создадоа Платформата за да ја задржат власта и да се амнестираат

by fokus

Платформата на албанските партии ги подели и академците на МАНУ, кои денеска расправаа во жешка атмосфера. Едни сметаат дека платформата е десетабилизација на државата и алатка која и оди во полза на досегашната власт, и истата не претставува заштита на правата на Албанците. Други пак, ја оценија како националистичка и иредентистичка.

Тука, меѓудругите говореше и професорката и писателка, академик, Катица Ќулавкова, која рече дека последно што ѝ треба на МАНУ денес е да застане на страна на изманипулираната патриотска платформа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сметам дека станува збор за манипулација и се сомневам дека самите ја создале Платформата за да ја задржат власта и да се амнестираат за направените злосторства кои не се само финансиски, туку и институционални и кои се однесуваат и на слободата на говор и движење во државава. Така што целиот хистерично националистички дискурс содржи тактика за дефокусирање од главниот проблем: криминалот, слободата на говор и мирниот трансфер на власта. Барањата на платформи се нереални без да бидат прифатени од двотретинско мнозонство. Затоа и не сметам дека се закана за Уставот. Затоа сметам дека првенствено тоа е алатка за дестабилизација на државата што оди во полза на заштита на досегашната власт а не на заштита на правата на Албанците. Не ни доликува ни артикулацијата на напади кон меѓународниот фактор. Имаме ние стручни инстанци преку кои може соодветно да реагираме, затоа што сега не е време за мултиетнички конфликти. Јас го поддржувам предлогот да се повлечат секакви платформи и од албанскиот блок и од власта која одумира, а не сака да го признае тоа – рече Ќулавкова.

Поврзани новости