Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети смета дека последните настани со случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка Катица Јанева не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат.
– Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува збор за личната алчност на поединци. „Алчноста го уништува човекот“ е израз на нашиот народ кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара, рече Ахмети.
Тој во изјавата за актуелните состојби во земјава по посетата на гостиварските села Лакавица и Србиново ја потенцираше важноста од ветингот, што неговата паратија го турка во јавноста.
– Ветингот се обидуваме да го инсталираме подоглго време и тој да не биде само за обвинители, судии, туку и за сите политичари кои ќе раководат со државата. Тоа е еден вид скенер кој ќе ни покаже кои се идните раководители, рече Ахмети.