Џолев: Утре ќе провериме дали записникот од сведокот во „Рекет“ воопшто стигнал во судот

by fokus

Во Кривичниот суд утре ќе се проверува дали записникот од сведочењето на Орце Камчев за „Рекет“ воопшто стигнал до судот, за да потоа се види дали можеби протекол од таму.

-Утре ќе провериме дали во судот бил испратен записникот, кусо вели Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд.

Вчера пак од Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција истакнаа дека копии од записникот испратиле во Кривичниот суд, со барањата за притвор на осомничени во „Рекет“.

Од обвинителството исто така појаснија дека копија од записникот не му бил даден на сведокот Камчев.

Поврзани новости