Ахмети прозборе македонски испровоциран од прашање за Мухамед Зекири

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по завршување на средбата со премиерот Зоран Заев даде изјава дека се договориле на претседателските избори да одат со заеднички кандидат, а потоа одговараше на новинарски прашања.

На сите прашања поставени на македонски јазик тој одговараше на албански, а Бујар Османи преведуваше. Но, на последното прашање да го коментира потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, тој одговори на чист македонски.

-Јас имав средба со претседателот на СДСМ, а не со потпретседателот, кусо одговори Ахмети по што си замина.

Поврзани новости