385
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за Ројтејрс предупредува дека политичката криза во Македонија може да се влечка уште со години и дека некои политичари ја користат за да предизвикаат меѓуетнички конфликт.
-Ова е политичка криза и треба да се реши со политички средства, а не од неа да се прави меѓуетнички проблем заради добивка на некои политички партии- вели Ахмети за Ројтерс, а пренесе Дојче Веле.
Ахмети проценува дека ќорсокакот би можел да продолжи и „уште четири години“, за кога се предвидени следните избори.
Лидерот на ДУИ потврди дека согласно постигнатиот коалициски договор со СДСМ, албанскиот јазик ќе биде користен во државните институции и на банкнотите, а е договорено и избор на Албанец за претседател на Собранието.