21 век, а уште марширам за основни човекови права!

by fokus

Наместо со прослава, Денот на жената денеска беше одбележан со протестен марш во Скопје, но и ширум светот. Статистиките се поразителни, жената и натаму се смета инфориорна кон мажот.

Жените на иста работна позиција работат за скоро 13 отсто помали плати, друга статистика пак покажува дека дури 33 дена во годината жената ги работи гратис. Стотици жени денеска маршираа во главниот град за да порачаат дека дискриминацијата мора да запре.

-Ќе бидеме гласни и нема да дозволиме во 21 век жените во Македонија да бидат угнетувани, маргинализирани и дискриминирани– порача Снежана Илиќ, Платформа за родова еднаквост

Голем транспарент „Работничка, НЕ, Славеничка“ беше поставен и врз Градскиот трговски центар, за да се упати порака дека лажната еднодневна еуфорија нема да ги подобри правата на жените.

Според невладините организации во последниве 10 години наместо унапредување на позицијата на жената во општествениот политичкиот и економскиот живот има назадување кое се должи на политиката на земјата.

 

Поврзани новости