Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва ја продолжи предизборната кампања во општина Гази Баба, презентирајќи ја листата на кандидати за советници во оваа општина.
Претседателот на ДУИ Ахмети пред присутните додаде дека приоритет на ДУИ е унапредувањето на кадарот и неговото школување.
-Имавме обврска да ја имплементираме и работиме за нашата програма која го дефинираше меѓународниот договор што го потпишавме, ДУИ пред се јас како нејзин лидер, го имав приоритет унапредувањето на кадарот, нивното школување и нивната специјализација, затоа што така мислев дека придонесувам за нацијата за конкурирање со структура во Брисел и Вашингтон. Исто така, и за предизвиците во институциите во насока на водење на државата, затоа што не сакав да се посрамотиме како нација туку да покажаме вредности и конкуренција, бидејќи кога работиш и го затвораш поглавјето на јунаштвото, започнува поглавјето на мудроста.