Симовски: Базата на државјани е 2.400.000 и оттаму се влече избирачкиот список

by fokus

Директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски во вечерашното интервју за „360 степени“ објасни дека бројката на попишани лица и бројката на лица со македонско државјанство се две сосема различни работи. Поради тоа, и бројот на попишани и бројот на лица во избирачкиот список не треба да се поистоветуваат.

-Пописот и избирачкиот список се сосема независни работи. Едната е за државјаните и оние кои се полнолетни и имаат право на глас. Лицата за пописот се поинаку дефинирани и овие две работи не треба секогаш да се доведуваат во корелација. Базата на државјани е 2.400.000 државјани и од таму се влече избирачкиот список, објасни Симовски.

Поврзани новости