397
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Коха“ вели дека специјалниот обвинител ќе биде избран до вторник, како што договорено, и предлага осум заменици-обвинители во неговиот тим од кои тројца Албанци.
– Од првиот ден изразивме подготвеност да се презентираат потенцијалните кандидати за оваа важна позиција и тоа веќе го направивме и официјално, без оглед на конечното решение кое треба да биде постигнато со консензус меѓу четирите политички партии и меѓународната заедница – вели Ахмети, пренесе АлсатМ.
Во врска со корупцискиот случај со „Маѓар Телеком“ во кој се споменуваат тој и негови најблиски соработници, Ахмети вели дека тоа е клевета која треба да и наштети на ДУИ во пресрет на изборите следната година.