370
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, синоќа беа гости во емисијата „Историес“ на грчката ТВ „Скај“, каде што Ахмети посочи дека македонската влада е реформаторска и верува дека „во рамки на овие реформи конечно ќе се реши 25-годишниот проблем меѓу Скопје и Атина.“
– Ние сме земја без име, имаме едно привремено име, ПЈРМ. Во пракса се обидуваме конечно да добиеме нормално име со преговорите што се водат – вели Ахмети.