Левица: Директорка на училиште избркала професорка од работа која има болно дете, за да прими нова

by Fokus

Директорката на средното училиште СГГУ Здравко Цветковски во Скопје, според наши извори, ја продолжила својата диктатура во училиштето, информираат од „Левица“.

„Во најновиот изблик на самоволие, на професорка која 9 години работи во училиштето и има болно дете ѝ го прекина работниот однос и на нејзино место прими нов човек. По локалните избори новата локална самоуправа во Скопје, на чело со Шилегов, смени многу директори на средните училишта, но директорката на „Здравко Цветковски“ не ја разреши. Иако беше информирана не само дека станува збор за партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, туку дека врши злоупотребување на моќта и тероризирањето на вработените. Прашуваме, зошто толку директори се сменети, но не и директорката на „Здравко Цветковски“? – се наведува во соопштението од „Левица“.

Од таму додаваат дека располагаат со писма што ги испратиле група професори вработени во училиштето после локалните избори.

„Во писмото се зборува за огромен непотизам од страна на директорката на училиштето, за злоупотреби на финансиските средства, за кршење на правата на вработените, за нејзина непримерна поддршка за националистичките протести на „Тврдокорните“ – продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости