633
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не е задоволен од изборните резултати. Иако неговата партија би требало да освои 11 мандати, Ахмети е разочаран што Албанците не се обединиле.
-Сакам да дадам оцена за организација на изборите. Сите треба да го прославиме доброто организирање, ова е прогрес, созреавме да организираме слободни избори. ДУИ секогаш апелираше кај албанците и баравме тие да не се раздвојуваат, да не се делиме, бидејќи ќе се изгубиме. Ги повикувавме малите партии да се сплотиме за да победиме, но ние албанците ги изгубивме мандатите, нашата партија доби, но не и албанците . Не сум среќен заради нашата победа, ќе бидеме определени да продолжиме да работиме за наш просперитет- изјави Ахмети.