Заев: Леле, леле, што направивме, режимот падна!

by fokus

Опозициската СДСМ во моментов слави победа пред Владата на Република Македонија. На присутните им се обрати лидерот Зоран Заев, кој рече дека според досега пребројаните гласови СДСМ има 52 пратеници, а ВМРО-ДПМНЕ 51 пратеник.

Тој им се заблагодари на сите граѓани на Македонија и порача дека режимот падна и дека во Македонија почнува живот. Ги искористи и зборовите: „Леле, леле што направивме, режимот падна“.

Поврзани новости