Ахмети нема став за тоа што негов функционер нападна полицајка

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, одби да го коментира нападот на негов функционер врз полициска службеничка. По денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ахмети рече дека со случајот треба да се занимаваат надлежните институции.

-Не разговаравме за изолирани ситуации, со тоа нека се занимаваат органите на правдата – рече Ахмети откако претседателот на општинската организација на ДУИ, Беќир Асани, нападна полициска службеничка бидејќи пајак му ја подигнал колата.

Поврзани новости