Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги прифаќа главните забелешките кои се нотирани во овогодишниот извештај за напредокот на земјава од Европската комисија.
– Дали имаме селективно судство? Секако дека имаме! Имаме ли партизирана администрација? Да, имаме! Дали се сите медиуми слободни? Дали се унифицирани? Дали е се во ред со сопствениците на тие медиуми? Ова се прашања кои се отвораат во извештајот и сигурно дека нашето општество треба да ги дискутира. Дали мислите дека сите во ДУИ се ангели? Зарем не ја злоупотребуваат власта?Дали се ангели и сите во ВМРО ДПМНЕ? Не! Ако сакаме напредок и влез во ЕУ, треба да бидеме самокритични и транспарентни – рече Ахмети.
Според него, сепак, главен проблем на патот на Македонија кон ЕУ е спорот за името со Грција.