Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва се обрати на присутните на прославата на 21-виот роденден на партијата, каде зборуваше за постигнатите успеси додека се на власт. Сепак, лидерот на ДУИ, кога стигна до темите здравство и образование, реши истите да не ги коментира.
-Не сакам да ги коментирам сите успеси што ги постигнавме од образованието и здравството бидејќи се многубројни, не сакам ни да ги опишам оние вредности кои ни го подигнаа достоинството, го институционализираа достоинството што го имаа многу генерации кои се бореа за тоа. Ние не сме од оние кои ја држат празната глава високо затоа што не бевме први, имаше и такви кои пред нас се спротивставија за подобро да се организираме, па зошто да не се потсетиме на нашите предци и непобедливиот, Неџат Аголи и инспирацијата со децении Рафи Халили, тоа беа оние кои не инспирираа и ни го одржаа духот да бидеме заедно денес.
Веќе сме посветени на уставните измени, промената на Уставот треба да се случи како што се случи со Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, отворањето на Уставот и внесување на помалите заедници како Бугарите, Хрватите , Црногорците и другите, со кои конечно ќе се затвори едно историско поглавје и би се легитимирале на меѓународен план, а во тоа ја имаат нашата безрезервна поддршка, така што штом се случи оваа промена, ги охрабруваме политичките партии да го направат овој чин, особено ВМРО -ДПМНЕ да размисли и да не ја направат грешката што ја направија со Договорот од Преспа туку да дејствува за иднината на државата кон ЕУ.
Мислам дека ВМРО има капацитет и луѓе кои знаат да рефлектираат на политичките случувања во регионот на Западен Балкан, заклучи Ахмети.