Ахмети: Мојата нација беше малтретирана

by fokus

Тука сме да ја демонстрираме поддршката што ја даваме на листата на советници, даваме силна поддршка за сите проекти што и се потребни на вашата општина, каде што вие живеете, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на митингот на ДУИ во Шутооризари.

-На овој праведен пат вие сте уставна категорија и третирани како и сите други, зошто побарав да бидете третирани исто затоа што нацијата беше окупирана. Мојата нација беше малтретирана, на мојата нација и недостасуваше слобода, и јас му припаѓам на овој народ за заслуженото да им го дадам на сите оние што живеат заедно на ова небо. Посакувам да се почитува постигнатиот (Охридски) договор бидејќи е од корист за сите – рече Ахмети.

Поврзани новости