Јада со најдобриот резултат во историјата на нордиското скијање во Македонија

by Fokus

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада пред неколку дена го оствари најдобриот резултат во македонската историја на овој спорт.

Тој на ФИС- ролер ски купот во Вероја, Грција, заврши на седмото место си задоцнување од една секунда и шест стотинки во однос на првопласираниот Анастасијадис Герогиос. На оваа трка од 15 километри, нашиот натпреварувач освои 60.59 фис поени.

„Сакам да упатам голема благодарност до тренерот Борче Јованоски, но и до целата екипа која ми даде голема поддршка на оваа трка. Тренингот излегува на површина“, истакна Јада.

 

Поврзани новости