441
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата американскиот амбсадро Џес Бејли, порачал дека меѓународната заедница треба да посредува во политичкиот дијалог помеѓу партиите во земјава и да го набљудува судскиот процес кој што ќе се одвива во домашното судство по избивање на аферата со прислушувањето.
„Агендата на политичкиот дијалог треба да биде драфтувана од страна на Брисел и ДУИ треба да стане дел од разговорите затоа што ниту едно решение за Македонија не е оддржливо без да бидат вклучени и Албанците“, рекол Ахмети, соопштија од ДУИ.