Родителите под закани за казни од 2.000 евра, а гимназиите налик на автономни зони

by Фокус 11:01
11:01
Средношколците веќе трети ден ја бојкотираат наставата во повеќето скопски гимназии, револтирани од игнорантскиот однос на надлежните институции. Според информации на „Фокус“, овие два дена најмногу напната била атмосферата во гимназиите„Раде Јовчевски Корчагин“, „Ѓорги Димитров“, „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“, од каде учениците се пожалија дека им биле затворени вратите од страна на директорите и им било оневозможено да влезат во холот на училиштето.Од вчера, вонредни родителски состаноци има во сите училишта каде што се бојкотира наставата. Родителите во најголем број ги поддржуваат своите деца, но и тие се пожалија на притисоци.

– Беа одржани родителски средби во некои гимназии. Родителите, со огромно мнозинство застанаа зад учениците. Им се врши притисок и на наставниците и на децата. Според Законот, глоба за родителот е предвидена за недоаѓање на настава повеќе од 24 дена. Родителите одбиваат нивните деца да бидат третирани како криминалци и притоа да ,,оправдуваат“ часови со лажна медицинска белешка или изјава. Децата се на училиште, а не надвор од него. Оттука, училиштето е толку нивно , колку и на директорите и на просветните инспектори. Се врши притисок врз класните раководители да запишуваат цели класови со неоправдани изостаноци. Според таа логика, само за 4 дена бојкот, цели училиште ќе бидат ,,исклучени“ – се наведува во информацијата што беше испратена до редакцијата на „Фокус“.

- Advertisements -

Средношколците, по примерот на студентите, аулата на гимназиите ги претворија во автономни зони, каде се одржува алтернатива настава, се слуша музика….

Поврзани новости