543
Новата влада на Македонија има два приоритети – решавањето на долготрајниот спор со Грција околу официјалното име на државата и пристапот на земјата во НАТО со акронимот ПЈРМ, вели во интервју за „Катимерини“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Според него, земјава би можела да се приклучи на НАТО со акронимот ПЈРМ, пред да започнат разговорите за решавање на спорот за името.
-Треба да се направи чекор за да почнат да се движат работите. Ние мора да ги земеме во предвид геополитичките случувања и да работиме посилно за пристапувањето на Западен Балкан, бидејќи тоа ќе ни биде од корист на сите – изјави лидерот на ДУИ.