388
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево се сретна со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние со кого разговарале за спорот за името, Законот за употреба на јазиците, како и евро-атланската интеграција и системските реформи.
Од ДУИ информираат дека Ахмети зборувал со Тимоние за процесот посредуван од медијаторот Метју Нимиц за спорот со Грција и изразил целосна поддршка за интензивни преговори за конечно решавање на спорот.
Ахмети истакнал дека владината коалиција и парламентарното мнозинство се подготвени да им пристапат на последните пречки на нашиот пат кон ЕУ и НАТО и ја поканил и опозицијата да го поддржи овој процес и со тоа да стане активен дел на успехот на граѓаните и нашата земја.