Ахмети: Граѓаните да бидат смирени, платформата не ја загрозува унитарноста

by fokus 12:04
12:04

Заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија е усогласена и напишана во Скопје и е врз основа на изборните програми на сите албански кандидати на изборите на 11 декември, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети на „Фејсбук“.

-Оваа платформа на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту, пак, станува збор за федерализација или поделба. Албанските партии не беа причина за системската криза во земјата и имајќи го предвид ова, ги повикувам албанските политички партии да се воздржат од претворање на системска и меѓуетничка криза во етнички судири меѓу двете најголеми етнички заедници на оваа земја. Исто така, ги повикувам македонските партии да се воздржат во нивното изразување на незадоволство од импликација на етничкиот елемент поради чувствителноста на нашето општество“, вели Ахмети.

Тој ги повика граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не дозволат никој да биде жртва на злонамерни сценарија кои потекнуваат од сомнителни адреси. Ахмети додаде дека ова е политички проблем и политичките партии, како и институциите во земјата ќе го најдат најдоброто решение за граѓаните.

Поврзани новости